Ливерпул го шпионирал Манчестер сити: Плати казна од 1 милион фунти

Ливерпул му платил 1 милион фунти како спогодба откако нивниот ривал ги тужел поради тоа што го хакирале на нивниот скаутинг систем.

 

Доверливата спогодба се случила во 2013 година, откако Сити ангажирале компјутерски експерт за да утврдат дали нивниот софтвер е хакиран. Откриено е дека двајца скаути Дејв Валоус и Џулијан Ворд влегле во системот на Сити. Овие двајца претходната година биле дел од Сити и направиле трансфер во Ливерпул. Го искористиле своето знаење да влезат во софтверот на „граѓаните“.

И сегашниот спортски директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс исто така бил обвинет за шпионажа од Сити. Тој исто така своевремено работел во Сити, а во моментот на скандалот во Ливерпул ги обработувал податоците добиени од скаутите.

Целата спогодба била направена надвор до Судот, па официјално никогаш немало тужба.