Ливерпул едвај го совлада Брајтон, Лестер загуби од Саутемптон (ВИДЕО)

Денеска беа одиграни неколку натпревари од 22. коло во англиската Премиерлига, а Ливерпул им се врати на победите, откако имаше тежок меч против Брајтон и го совлада со 1-0.

Брајтон се покажа како цврст противник и не му дозволи на Ливерпул да стигне до висока победа, па по првите 45 минути резултатот беше 0-0.

Во второто полувреме Брајтон направи пенал врз Мохамед Салах, кој го искористи ударот од 11 метри и погоди за 1-0 во 50. минута и тоа се покажа како конечен резултат.

Ливерпул во моментов има 57 бодови, односно седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити и девет повеќе од третопласираниот Тотнем.

Останати резултати:

Барнли – Фулам 2-1
Кардиф – Хадерсфилд 0-0
Кристал Палас – Вотфорд 1-2
Лестер – Саутемптон 1-2