Ливерпул догодина го отвора новиот тренинг центар од 50 милиони фунти (ВИДЕО)

Ливерпул од следната сезона веќе ќе може целосно да го користи новиот тренинг центар наречен „Киркби“, бидејќи градежните работи се при крај. 

Се очекува целосно да биде завршен на пролет во 2020 година, а последните детали, односно терените ќе бидат поставени во април. Веќе следната сезона „црвените“ ќе можат да го користат кампот, кој ќе го делат со младинскиот тим.

Клубот инвестираше 50 милиони фунти во новиот тренинг центар и се надева дека од тука во иднина ќе произлегуваат многу нови ѕвезди.