Лионел Меси се враќа во составот на Барселона уште овој викенд?

Лионел Меси имаше неверојатен пех да се повреди на првиот тренинг на Барселона летово, откако претходно пропушти голем дел од подготовките на тимот поради настапот на Копа Либертадорес за својата Аргентина. 

„Десетката“ на шпанскиот шампион изминативе неколку денови веќе тренира со засилен интензитет и работи и со топка. Тој е многу близу да биде целосно фит, па затоа шпанските медиуми најавуваат дека би можел да се најде и во тимот за дуелот против Бетис во рамки на 2.коло во Ла Лига. Следните два тренинга ќе покажат дали најдобриот фудбалер на Каталонците е фит да настапи против тимот од Севилја. 

Меси му е очајно потребен на тренерот Ернесто Валверде, кој има сериозни проблеми со повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле, па кам-бек на Меси сигурно би го израдувало. Во првото коло од Ла Лига,  Барселона загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао