Лионел Меси ќе ја освои „Златната топка“ годинава

Лионел Меси ќе ја добие „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот што традиционално ја доделува магазинот „Франс фудбал“. 

Шпанските медиуми открија дека двајцата највлијателни луѓе во „Франс фудбал“, Паскал Фере и Тјери Маршанд, изминативе неколку дена биле во Барселона во посета на Лионел Меси.

Тие дури и направиле интервју со фудбалерот на Барселона, а тука секако и традиционалната фото-сесија со „Златната топка“. Иако од „Франс фудбал“ ги негираат овие тврдења, шпанските медиуми се убедени дека Меси по шести пат во кариерата ќе ја добие оваа награда, прва по 2015 година.

Свеченоста на доделување на наградата ќе се одржи следниот понеделник, а според шпекулациите, втор во гласањето завршил Вирџил ван Дајк, додека трет бил Кристијано Роналдо.