Лион заборави што е тоа победа: Четврти натпревар без радост (ВИДЕО)

Лориен и Лион ремизираа 1-1 во рамки на 5.коло во Лига 1. Ова е веќе четврти натпревар во низа за гостите, кои не знаат за триумф.

Момците на тренерот Руди Гарсија тргнаа фуриозно во сезоната со победа против Дижон од 4-1, но тоа воедно беше и последната радост за нив. Јоан Виса ги доведе домашните во водство во 63-тата минута, а за Лион погоди Лео Дубуа во 74-тата минута.

Лион по пет одиграни натпревари има само шест бода, доволно за 10.место на табелата во Лига 1, додека Лориен има 4 бода и е на 16.место.