Лион со шеста победа по ред: Прекрасен натпревар со седум гола во Дижон (ВИДЕО)

Лион направи уште еден сигурен чекор напред кон обезбедување на третото место на табелата во Лига 1, откако славеше со убедливи 2-5 на гостувањето кај Дижон во рамки на 34.коло.

Гостите имаа пет различни стрелци, односно четворица, бидејќи еден гол беше автогол. Мемфис Депај ја отвори голеадата во 4.минута, а Наим Слити израмни на 1-1 во 26-тата минута.

Ризие со автогол им донесе водство на гостите, а само три минути подоцна во 53-тата Набил Фекир зголеми на 1-3. Наим Слити погоди повторно да намали на 2-3, но тоа беше се што направи домашниот тим. Бернард Траоре и Максвел Корне ја запечатија победата на Лион.