Лион никако да победи: Не помогна ниту новиот тренер Руди Гарсија (ВИДЕО)

Лион продолжува со очајните резултати сезонава, откако вечерва ремизираше 0-0 на домашен терен против Дижон во рамки на 10.коло во Лига 1.

Овој тим ја почна сезоната со две убедливи победи од 3-0 на гости кај Монако, а потоа со 6-0 го декласираше Анже. Фудбалерите на Лион буквално застанаа тука, бидејќи на веќе осум натпревари се без победа. Уште поразочарувачки е фактот дека три натпревари по ред Лион не може да постигне ниту гол. 

Денеска на клупата дебитираше новиот тренер Руди Гарсија, кој го замени Силвињо, но и тоа не помогна да се разбуди екипата, која останува на само 10 освоени бодови од 10 натпревари.