Лион двапати водеше, ама остана без триумф против „кралот на нерешените“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион и покрај добрите игри, никако на го направат исчекорот кон врвот од табелата во Франција, откако вечерва одиграа само реми на гостувањето кај Бордо (2-2).

Гостите двапати беа во водство, но не издржаа против тимот кој важи за „крал на нерешените“ во Лига 1, со оглед што ги има дури осум во досегашните 17 кола, најмногу во францускиот шампионат. Денајер во 29. минута му донесе водство на Лион, но „жирондинците“ изедначија само седум минути подоцна со автоголот на Густо. Мендеш во 41. минута повторно донесе водство за фаворитот, но Елис во 58. минута го постави конечниот резултат.

Лион со овој бод остана на 12. позиција на табелата, додека Бордо е 17. во првенството, со ист број бодови како Клермон кој е на последното место кое потенцијално води во понизок ранг.