Лил со два гола во финишот го урна Марсеј, ПСЖ минимално против Бордо (ВИДЕО)

Лил се врати на врвот на табелата во Лига 1 со вечерашниот триумф од 2-0 на дербито против Олимпик Марсеј во рамки на 28.коло. 

Резултатот на натпреварот гласеше 0-0 се до 90-тата минута. Тогаш Џонатан Дејвид погоди за 1-0, а три минути подоцна Канаѓанецот го постави и конечниот резултат 2-0. 

ПСЖ со голот на Пабло Сарабија во 20-тата минута дојде до вредни три бода на гостувањето кај Бордо. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Монпелје - Лориен 1-1
Нант - Ремс 1-2
Стразбур - Монако 1-0