Лил беше на праг до три бода, но Марсеј извлече реми на „Велодром“ (ВИДЕО)

Актуелниот француски шампион Лил одигра реми на тешкото гостување на „Велодром“ кај Олимпик Марсеј (1-1) во рамки на 21. коло од Лига 1.

Првакот постигна гол по само 15 минути игра преку Ботман, по што остана со играч помалку затоа што Андре заработи два жолти картони за само три минути.

Марсеј доминираше на теренот и се обидуваше на секаков начин да дојде до бод, а тоа им успеа дури во 75. минута, кога Ундер ја затресе мрежата на гостите за 1-1.

Марсеј е третопласиран со 37 бодови на табелата, односно два помалку од Ница, додека Лил е на 10. место со 29 бода.