Лидс првпат загуби - навивачите едвај дочекаа да удрат по Алиоски (ФОТО)

Англиски Лидс првпат загуби сезонава во Чемпионшип, откако пред своите гледачи со 2-1 беше поразен од Бирмингем и првиот кикс на поранешниот премиерлигаш како едвај да го чекаа навивачите за да го распнат својот „најомилен фудбалер“ - Езгјан Алиоски.

Алиоски против Бирмингем даде гол и барем малку ја врати надежта дека ќе може овој тим во завршницата да се избори за бод. Но, Лидс го доживеа поразот, а по мечот стандардно и веќе видено од минатата сезона, најголем виновник е македонското репрезентативно крило.

Еден куп пораки на социјалните мрежи изнапишаа навивачите на Лидс за Алиоски, дека е очаен, дека е најслаб во тимот, дека играл за Бирмингем... Алиоски веќе има три гола и две асистенции сезонава во Лидс, ама ретко кога успева да ги задоволи навивачите.

На нив буквално ништо не им чини, а очигледно Алиоски им е „пик“ кого тешко ќе го напуштат, иако за головите вината е пред се на одбраната и голманот.