Лидс остана без финале: Алиоски и во идната сезона ќе игра во Чемпионшип

Лидс, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, беше елиминиран во полуфиналето на плејофот во Чемпионшип-лигата, откако загуби со 2-4 (вкупни 3-4) во реваншот од Дерби Каунти.

Лидс почна многу добро, откако Далас во 24. минута погоди за 1-0, па тие се надеваа дека ќе успеат да го задржат водството, но во финишот од првите 45 минути Мериот ги шокираше, откако погоди за 1-1.

Во второто полувреме следуваше нов шок за Лидс и Алиоски, откако Дерби за 13 минути постигна два гола за водство од 3-1.

Далас ја врати надежта на домаќините во 62. минута, откако намали на 2-3, но Мериот ги урна домаќините во 85. минута, откако погоди за конечни 4-2.

Дерби во финале ќе игра против Астон Вила за пласман во Премиерлигата, додека Лидс и идната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип.