Леверкузен од еден фудбалер ќе заработи повеќе од 100 милиони евра!

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Каи Хаверц е на мета на европските гиганти и летово по се изгледа ќе го напушти Бундеслигашот. Интересот за него е огромен, Баерн, Реал Мадрид и Барселона се меѓу заинтересираните, а за неговите услуги ќе мораат да издвојат 100 милиони евра.

Баер ќе се обиде да добие што е можно повеќе пари за услугите на 19- годишниот фудбалер, а тоа значи дека сигурно ова ќе биде најголемиот трансфер во историјата на клубот. Баерн Минхен веќе испрати понуда од 75 милиони евра, меѓутоа оваа понуда веднаш беше одбиена.

Сепак, Баварците не планираат толку лесно да се откажат од талентираниот фудбалер. Тие планираат освен понудата од 75 милиони евра, да го остават Хаверц во Леверкузен уште една сезона и тоа на позајмица.