Леверкузен доживеа елиминација, Славија Прага го „уништи“ Генк (ВИДЕО)

Леверкузен  е елиминиран од Лигата на Европа, откако германскиот тим одигра реми 1-1, но поради примениот гол на домашен терен заврши со настапите во ЛЕ.. Фантастичен натпревар одигра Славија Прага на гостувањето во Белгија и со „покер“ во мрежата на Генк обезбеди пласман во осминафиналето.

Првиот натпревар во Русија заврши со 0-0, па на реваншот во Леверкузен и двете екипи влегоа со претпазливост. Натпреварот беше поприлично мирен, со неколку посериозни шанси на дете страни, а најголемите возбувања се случуваа во завршницата. Најпрвин Магомед Сулејманов постигна „злато“ вреден гол за Краснодар, а две миунти подоцна Чарлес Арангиз израмни на 1-1, но залудно, Русите поради голот во гости, обезбедија осминафинале.

Неверојатен натпревар одигра Славија Прага на гостински терен против Генк. Домаќинот поведе уште на самиот старт Леандро Тросард. Но, потоа следуваше вистинска рапсодија на гостите. Владимир Куфал успеа да го израмни резултатот, а Ибраим Траоре да донесе комплетен пресврт и голема радост. Сепак, чешкиот клуб не застана тука. Милан Шкода најпрвин со глава даде гол за 3-1, а потоа и на идентичен начин постигна уште една „убавица“ која значеше вистински „потоп“ од 4-1 за домаќините. 

Интер со победата од 4-0 над Рапид го потврди својот пласман во наредната рунда. Најпрвин Матијас Вецино погоди за 1-0, а потоа дефанзивецот Ранокија го дуплираше водството. Во самата завршница Хрватот Иван Перишиќ зголеми на 3-0, а Матео Политано ги постави конечните 4-0.

Слично сценарио имаше и во Лондон. Челси имаше победа од 2-1 од гостувањето во Шведска, па како огромни фаворити го пречекаа Малме на „Стенфорд Бриџ“. Швеѓаните даваа цврст отпор во првиот дел, но не успеаја во истиот ритам во второто полувреме. Оливие Жиру погоди за водство на сините, додека Рос Барли со фантастичен слободен удар зголеми на 2-0, а воедно и го постави конечниот резултат. 


Останати натпревари:

Бенфика* - Галатасарај 0-0
Бетис - *Рен 1-3
Дин.Киев* - Олимпијакос 1-0

Со * се обележани тимовите кои обезбедија осминафинале