Леванте ремизираше против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Реал Сосиедад се наоѓаше пред триумф против Леванте, но не успеа да издржи до крај, па сепак извлече реми (1-1) на домашен терен.

Домаќините имаа водство од 26. минута со голот на Аднан Јанузај и тоа траеше дури до финишот на мечот, поточно 79. минута кога Борха Мајорал им ја „украде“ победата и израмни на 1-1.

Леванте во моментов има 31 бод и се наоѓа на 15. место на табелата, додека Реал Сосиеда е деветтопласиран со 36 бодови.