Леванте и Барди немоќни против Алавес (ВИДЕО)

Екипата на Леванте, за која настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди, претрпе нов пораз во Ла Лига, откако на домашен терен загуби од Алавес со 0-1, во рамки од 20. коло на шпанскиот шампионат. 

Стрелец на единствениот погодок за гостите беше Алекс Видал во 64. минута, додека нашиот репрезентативец во игра влезе во 55 минута, но не успеа да ја поправи лошата слика која денес ја остави неговиот тим.

Во следното коло Леванте ќе брка победа на гости кај Осасуна, додека Алавес го чека натпревар против Виљареал.