Леванте го прегази Бетис: Барди запиша една асистенција (ВИДЕО)

Леванте вечерва успеа да ја запише првата победа по пауза од девет натпревари во Ла Лига, откако го растури Бетис со убедливи 4-0 во рамки на 34.коло. 

Ова беше исклучително важна победа за тимот од Валенсија за да избега од опасната зона. Интересно е тоа што ова е втора убедлива победа сезонава на Левантер против Бетис, бидејќи и на првата средба сезонава славеше во Севилја со 3-0.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар и беше асистент на последниот погодок што го постигна Коке во 81-та минута.

Леванте сега е на 14-тата позиција со 37 бодови, три повеќе од Џирона која е во опасната зона на 18-тото место.