Леванте го избрка Переира: Барди ќе добие нов тренер!

Леванте игра ужасно сезонава во шпанската Ла Лига, па по 15 одиграни меча се наоѓаат на последната позиција на табелата, а тоа го натера раководството на тимот да му даде отказ на Хави Переира.

Переира го предводеше тимот само месец ипол, односно беше на кормилото на седум натпревари, но не запиша ниту една победа со Леванте.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и другарите во следниот период ќе бидат предводени од Алесио Лиши, кој е привремен стратег на клубот, а наскоро се очекува и ангажман на нов тренер.