Левандовски се договори со Реал Мадрид!

Агентот на Роберт Левандовски, Пини Захани, наводно постигнал усмен договор со челниците на Реал околу трансферот на напаѓачот од Баерн во Мадрид.

Левандовски има важечки договор со Баварците до 2021 година, но како што наведува „Мундо Депортиво“, Полјакот смета дека ова му е последна шанса да потпише богат договор.

По неколкуте состаноци со челниците на „кралскиот клуб“, луѓето од тимот на полскиот напаѓач постигнале договор околу условите кои Левандовски ќе треба да ги потпише, а истиот би важел минимум две години, со значајно зголемување на платата.

Со самиот ангажман на Левандовски, Реал по автоматизам се откажува од некои од ѕвездите со кои се поврзуваше, како што се Нејмар да Силва и Хари Кејн.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд потпиша за Баерн во 2014 година, а досега на 183 настапи забележа неверојатни 142 погодоци.