Левандовски сака да игра во Барселона за да докаже дека е подобар од Бензема!

Роберт Левандовски донесе одлука по секоја цена да го напушти Баерн Минхен ова лето, а како негова следна дестинација се споменува Барселона.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ преговара со Левандовски и не сака да го пушти бидејќи Полјакот има договор до 2023 година.

Поранешниот менаџер на Левандовски, Кучарски во изјава за шпанските медиуми ја откри причината поради која Полјакот сака да се пресели во Барселона.

„Една од причините поради која Левандовски сака да игра во Барселона е за да покаже дека е подобар од Бензема“, вели тој.