Левандовски откри голема тајна: Роналдо и Рамос ме наговараа да дојдам во Реал!

Полската напаѓачка ѕвезда Роберт Левандовски беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид пред две години, но голгетерот се реши да остане во Баерн Минхен, па сега откри голема тајна кои биле „главните менаџери“ во процесот да го засили „кралскиот клуб“.

Левандовски (30) дојде во Германија во Борусија Дортмунд, а потоа направи трансфер во Баерн и за „Би-Би-Си“, призна дека Кристијано Роналдо и Серхио Рамос го наговарале да потпише на „Сантјаго Бернабеу“

Новинарот Балаге го прашал Левандовски дали е точно дека Роналдо и Рамос му рекле: Дојди тука, мора да играш за нас?

„Да! Вистина е тоа. Ама јас веќе играв во голем клуб. Можев да дојдам во Реал, но мислам дека донесов вистинска одлука. Кога играте во еден од најголемите клубови на светот, тогаш не може да не бидете среќни. Јас многу не размислувам на минатото и не ме интересираат приказни за мојата кариера. Најважно ми е да бидам фокусиран и да дадам сто отсто на секој меч за да ги израдувам навивачите на Баерн“, изјавил Левандовски.

Полјакот бил на радарот на Реал и додека играл за Борусија Дортмунд, но тогаш се решил да замине на „Алијанц Арена“.