Левандовски: Клоп има две лица

Полската суперѕвезда Роберт Левандовски, голгетерот на Баерн Минхен и екс-член на Борусија Дортмунд го избра својот најомилен тренер во кариерата и тоа е – Јирген Клоп.

Клоп и Левандовски соработуваа во Дортмунд, по што патиштата им се разделија, Полјакот замина во Минхен, а Клоп во Ливерпул, кој го препороди во последните две сезони освојувајќи ја ЛШ и англиската Премиерлига, прва за „црвените“ по 30 години.

„Јирген Клоп е мојот најомилен тренер. А после него, тоа е Пеп Гвардиола“, вели Левандовски за „ЕСПН“, па додаде:

„Клоп е човек со две лица... Можете да го видите да е понекогаш како татко, а тука е второто лице како тренер, менаџер... Тој е во состојба да ви каже сè и тука не говорам само за добри работи. Тоа е голема мотивација, а тој работи совршено. Знае до каде може да ве турка, а тренерските резултати му се сјајни. Но, најмногу од сè, не е тој сјаен само како тренер, туку пред сè како човек“.