Левандовски има само една желба - Реал Мадрид!

Како се наближува дуелот во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, така се зголемуваат шпекулациите околу Роберт Левандовски.

Полјакот веќе неколку пати во својата кариера е поврзуван со трансфер во редовите на кралскиот клуб. Реал Мадрид силно притискаше за голгетерот во летото 2016 година, но Баерн Минхен не сакаше ниту да ја разгледа понудата.

Овој пат работите се поинакви, бидејќи „лос бланкос“ се подгтовени да понудат неверојатно 100 милиони евра за Левандовски, кој и самиот сака да замине во Мадрид. За неговите услуги има интерес и од неколку други големи клубови, но фудбалерот има само една желба, а тоа е Реал Мадрид.

Тој би требало да биде замена за очајниот Карим Бензема, кој веќе две сезони игра под секое ниво на Реал Мадрид и моментално е во привилигирана ситуација, бидејќи е единствен класичен голгетер, покрај Борха Мајорал, кој не ни добива минутажа.