Левандовски и Коман го решија Лајпциг во финалето на германскиот Куп (ВИДЕО)

Баерн Минхен одигра одличен меч во финалето на германскиот Куп и го совлада Лајпциг со 3-0, а херој на вечерта беше Роберт Левандовски со два погодоци.

Лајпциг вршеше почетен притисок во мечот, но Левандовски во 29. минута погоди за 1-0. Во второто полувреме Баварците го декласираа својот противник, па го постигнаа вториот погодок во 78. минута преку Кингсли Коман.

Баерн тука не застана, па Левандовски во 85. минута со својот втор погодок ги постави конечните 3-0 и му го донесе трофејот во Купот на својот тим.