Лестер „меле“ сè пред себе: Астон вила не успеа да ги запре Варди и другарите (ВИДЕО)

Лестер го запиша осмиот триумф по ред во Премиерлигата откако славеше на гостувањето кај Астон вила со 4-1 во 16. коло од Премиерлигата.

Џејми Варди го отвори резултатот во 20. минута од средбата, а Ихеаначо зголеми на 2-0 во 41. минута. Во судиското надополнување од првиот дел Грилиш успеа да намали на 1-2.

Во второто полувреме победата на „лисиците“ ја потврдија Еванс и Варди со неговиот втор гол (4-1).

На останатите натпревари Њукасл славеше против Саутемптон со 2-1, а Шефилд јунајтед му „пресуди“ на Норич со пресврт (2-1).

Ливерпул е лидер во англискиот шампионат со 46 бодови, а веднаш зад нив е Лестер со 38 бодови, по што следат Манчестер сити со 32 и Челси со 29 бодови во топ-4.