Леонеса го шокираше Атлетико Мадрид и го исфрли од шпанскиот Куп (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид неочекувано загуби од Леонеса со 1-2 по продолженија во шпанскиот Куп, па тие мораа пред време да се збогуваат со натпреварувањето.

Избраниците на Диего Симеоне први поведоа во мечот со голот на Кореа во 62. минута, но во 83. минута Кастанеда израмни на 1-1 и избори продолженија за неговата екипа.

Во продолжение од мечот Серхио Бенито со гол во 108. минута ги шокираше гостите и ги исфрли од Купот.