Леонардо повторно е спортски директор на ПСЖ

Леонардо си замина од редовите на Милан по само една сезона, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите и реши да се врати во ПСЖ на истата позиција - спортски директор. 

Бразилецот истата функција ја избршуваше од 2011 до 2013 година, кога во Париз успеа да доведе играчи како Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и Маркињос. 

Леонардо доаѓа на местото Антеро Енрике, кој изминативе две сезони беше задолжен за трансферите во Париз. Тој воедно е и порашен играч на „светците“ од деведесетите години од минатиот век.