„Л'Екип“ за Роналдо – крај на една ера!

Најугледниот спортски весник „Л'Екип“ го означи шестото место на петкратниот освојувач на „златната топка“, Кристијано Роналдо во годинешниот избор како крај на една ера, после која веќе невозможно е португалскиот ас да го достигне својот најголем ривал Лионел Меси, кој вчера ја освои својата седма „златна топка“.

Меси победи во изборот на „Франс Фудбал“ со 613 гласа, а Роналдо освои само 178 и првпат после повеќе од една деценија, од 2010 година наваму, актуелниот фудбалер на Манчестер јунајтед не бил на послабо место во изборот зашто константно цела деценија беше меѓу првите тројца.

Токму поради ова „Л'Екип“ овој пласман на Роналдо го означи како крај на една ера, а сооглед дека ќе наполни 37 години и практично сѐ поблизу е до пензија, Португалецот веќе сфаќа дека Меси е недостижен за него, особено што е две ипол години постар од Аргентинецот.

„Роналдо наскоро ќе наполи 37 години и две ипол години е постар од Меси, кој сега му бега за две 'златни топки' и Португалецот веќе сфаќа дека многу мали се шансите за да се израмни со Аргентинецот по бројот на најпрестижните награди. Затоа овој пласман со шестото место е крај на една ера“, пишува „Л'Екип“.

Од 2008 година наваму, само во 2018 година кога хрватската ѕвезда Лука Модриќ ја освои наградата, Роналдо и Меси доминираа со вкупно 11 награди од 12-те. Лани, поради пандемијата со коронавирус наградата не беше доделена.