„Л’Екип“: ПСЖ е подготвен да го продаде Нејмар

Францускиот шампион ПСЖ, наводно, е подготвен да го продаде најскапиот фудбалер во светот, Нејмар. Бразилецот веќе неколку месеци се поврзува со напуштање на Париз, а долго време се шпекулираше за трансфер во Реал Мадрид, но во последно време се појавија и приказни дека може да се врати во Барселона.

Во секој случај, „Л’Екип“ пишува дека Нејмар уште летово би можел да го напушти „Паркот на принцовите“, откако во Франција во последниот период добива само лоши вести. Најпрво се повреди, по што го чекаше долга пауза, а потоа доби и обвинувања за силување, па тоа се дел од причините поради кои сака да го напушти Париз.

Нејмар минатата сезона одигра само 28 меча, но и покрај тоа имаше одличен ефект, па постигна 23 гола и 13 асистенции.