„Л’Екип“ откри детали од состанокот меѓу Гризман и управата на Барселона

Францускиот фудбалер Антоан Гризман не се покажа премногу во првата сезона во Барселона, иако пристигна како големо засилување, откако Каталонците платија 120 милиони евра за него.

Во претходниот период се шпекулираше за негово заминување, но такво нешто нема да се случи, ако може да се верува на информациите на „Л’Екип“.

Гризман имал состанок со претставниците на клубот, каде што му било кажано дека екипата сериозно смета на него и за следната сезона.

Французинот сезонава одигра 44 натпревари за каталонскиот гигант и постигна 15 голови и четири асистенции.