Лекција за ѕвездите од Манчестер: Не е важно колку си голем... (ФОТО+ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го претрпе првиот пораз оваа сезона во Премиерлигата и тоа, ни повеќе ни помалку, од новопечениот премиерлигаш Хадерсфилд, со 2-1. Кратко бјаснување за причините имаше Андер Ерера, можеби поттикнат и од една порака на навивачите на Хадерсфилд, која кажува голема вистина.

За време на мечот, на трибините се појави една порака на голем транспарент на една од трибините.

„Не се важи колку сте големи или колкаво искуство имате. Ако имате страст плус желба, за вас ќе нема граници“, порачаа навивачите во сино и бело.

Андер Ерера, пак, по натпреварот рече дека Хадерсфилд победил затоа што имал повеќе страст и желба. „Откако губевме со 0-2, тешко беше да се вратиме против екипа, која толку многу ја сака победата“, дорече Ерера и погоди в центар, исто како навивачите на Хадерсфилд.