Легендата на Челси се враќа на „Стемфорд бриџ“

По само една сезона на клупата на Челси, Маурицио Сари по се изгледа си заминува од Лондон. Италијанскиот тренер е прв фаворит за наследник на Максимилијано Алегри на клупата на Јувентус, а според последните информации прашање на денови е кога ќе биде претставен во Торино.

Затоа раководството на „сините“ е во потрага по нов тренер, а според англиските медиуми главен фаворит за тренерското столче е поранешниот легендарен фудбалер токму на Челси, Френк Лампард. Тој имаше одлична сезона со Дерби Каунти, а преговороти помеѓу Лампард и клубот од „Стемфорд бриџ“ веќе се во тек.