Легендарен Французин го критикуваше Мбапе: Бегај од Нејмар, ќе станеш лош како него!

Поранешниот француски репрезентативец, Кристоф  Дугари го критикуваше младиот и талентиран Килијан Мбапе поради изјавата која ја даде по мечот од третото коло во Лигата на шампиони.

Дугари во минатото беше познат по тоа што знаеше да го критикува често Нејмар, а сега му даде на некој начин совет на 20-годишниот напаѓач на ПСЖ.

„Непријатно ми беше да го слушам што зборува. Се чувствував посрамотено, можеби затоа што припаѓам на генерацијата која е заразена со фудбал, за разлика од денешната која не е таква. Можеби на Килијан му е тешко што не го почна мечот, но е еднакво да се биде голем фудбалер и добар човек. Не велам дека тој не е добар, само едноставно не ми се допадна неговата изјава по мечот. Почнувам да мислам дека Мбапе личи на Нејмар. Попрво би излегол во град со Идриза Геј, Анхел Ди Марија или Андре Ерера, отколку со Нејмар. Но тоа е избор на Мбапе и за жал не е добар“, порача Дугари.