Легенда на Валенсија низ солзи: Сакав тука да ја завршам кариерата, но... (ВИДЕО)

Дани Парехо вчера ја напушти Валенсија и потпиша за Вилјареал, а овој трансфер ги изненади сите во Шпанија, како и самиот фудбалер кој беше шокииран и во солзи се збогуваше од саканиот клуб.

Парехо беше член на Валенсија дури девет години, а за клубот одигра речиси 400 меча, постигна 63 гола и 62 асистенции, но тоа не беше доволно да остане во екипата, иако имаше договор до 2022 година.

За да биде уште полошо, за тоа не му кажале ниту на самиот фудбалер, туку го известиле неговиот агент.

Шокираниот Парехо побарал да се збогува од навивачите на „Месталја“, но тоа не му било дозволено, па мораше да се прости преку интернет.

„Овој клуб е мојот живот и сакав во него да ја завршам кариерата, но не ми дозволија. Секогаш зборував дека во Валенсија мам два дома, еден во кој живеам, а вториот е Месталја. Сега останав без еден дом. Се обиидов на синот да му објаснам дека ќе играм за друг клуб, но тој не ме разбира. Како да разбере, кога знае само за Валенсија“, вели Парехо низ солзи.