Легенда на Барса порача: Не е опсесија, но сакам да се вратам на „Камп Ноу“ како тренер

Една од легендите на Барселона, Чави Ернандез во моментов е тренер на Ал Сад, за кој настапуваше во својата кариера, а во иднина би сакал да се врати во Каталонија.

Чави призна дека сака да се врати во Барселона и да биде нејзин тренер.

„Мојата најголема желба е да се вратам во Барселона како нејзин тренер. Тоа е сон и цел, никако опсесија“, порача Чави.