„Ле Паризиен“: Мбапе заминува од ПСЖ, еден гигант е фаворит за неговиот потпис!

Младиот француски напаѓач Килијан Мбапе одби да го продолжи договорот со ПСЖ и најверојатно следното лето ќе замине од Франција, барем така најавува „Ле Паризиен“.

Медиумот пишува дека ПСЖ за Мбапе ќе добие и помалку пари од што очекуваше затоа што договорот на Французинот трае до 2022 година.

Се шпекулира дека цената ќе биде околу 100 милиони евра, зашто следното лето ќе влезе во последната година од договорот и ПСЖ ќе ризикува да го загуби бесплатно на крајот.

Има неколку заинтересирани тимови, а фаворит за потписот на Мбапе е Реал Мадрид, кој една година работи на негов ангажман. Минатото лето цената изнесуваше 300 милииони евра, но доколку навистина се намали неговата цена, тогаш следното лето „кралевите“ без проблем ќе го купат.