Лазаро по само шест месеци си оди од Интер

Валентино Лазаро дојде со големи амбиции во редовите на Интер, но не успеа да го импресионира тренерот Антонио Конте. 

Австрискиот репрезентативец едвај запиша неколку настапи за „нераѕурите“ по трансферот од редовите на Херта. Интер го плати 22,5 милиони евра, но досега одигра само 11 натпревари и тоа најчесто како резерва.

Клубот е расположен да го продаде Лазаро по само шест месеци, а интерес за неговите услуги има од Премиерлигата. Њукасл е подготвен да плати 21 милион евра за фудбалерот кој игра по левата аут-линија.

Со овие пари Интер планира да го купи Кристијан Ериксен од Тотнем.