Лаутаро на лето оди во Барселона, Интер веќе најде замена од Англија?!

Полека станува јасно дека ова лето Лаутаро Мартинез ќе го напушти Интер, особено по неговата изјава дека сака да заигра заедно со својот сонародник и најдобар играч на денешницата - Лионел Меси.

Евидентно е дека калчогигантот тешко може да влијае на неговата одлука, но од друга страна Интер за него ќе заработи 111 милиони евра, колку што е клаузулата, што не изгледа ниту премногу лошо.

Барселона чека да дојде 1 јули, кога стапува на сила клаузулата, и веднаш е подготвена да „нападне“ кога е во прашање овој играч, пред да се вклучи уште некој за неговиот потпис.

Свесни за тоа, од Интер веднаш ја најавиja неговата замена, а станува збор за играчот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот веќе изрази желба дека сака да го напушти „Емирати“, а со оглед на тоа што неговиот договор истекува, Арсенал лесно би можел да го продаде ова лето.

Обамејанг има договор до јуни 2021 година и не сака да го продолжи, така што тој би влегол во последната година од договорот во текот на летото, а со тоа Интер би можел да ја намали цената.

Наводно, Интер му нуди на Обамејанг четиригодишен договор, но сето тоа зависи од заминувањето на Лаутаро во Барселона.