Лапорта го прекина молкот по најавите дека Меси се враќа во Барселона

Шпанските медиуми шпекулираа дека Лионел Меси се враќа на позајмица во Барселона и со тоа ги израдуваа навивачите на каталонскиот гигант, меѓутоа претседателот на клубот Жоан Лапорта реагираше и кажа дека такво нешто нема да се случи.

Лапорта вели дека во моментов не е време да се шпекулира со такви сценарија затоа што се нереални и Барселона нема намера да го врати Аргентинецот.

„Сега не е време да се шпекулира со нереални сценарија. Мило ми е што Меси се врати на ‘Камп Ноу’, но ние не знаевме дека доаѓа. Ова е неговиот дом. Освен тоа што се случи, не жалам за ништо бидејќи Барселона е над секого“, кажа Лапорта.

Фото: FC Barcelona