Лампард постави ценовник пред соблекувална: Што и да правиш - само не доцни на тренинг!

Откако пристигна во редовите на Челси ова лето, легендарниот фудбалер на клубот од „Стемфорд Бриџ“, Френк Лампард, кој моментно е менаџер, даде јасни знаци дека неговите одлуки ќе мора беспрекорно да се почитуваат. Тој состави список на прекршоци и казни што треба да ги почитуваат фудбалерите на клубот.

Лампард потпиша кон крајот на август, а пред соблекувалната објави официјален тимски „ценовник“ за сезоната 2019/20 година, на кој секој фудбалер на Челси ќе може веднаш да пресмета колку прекршоци ќе успее да направи. Со тоа тој сугерира - што треба да прави секој игра, а меѓу најголемите казни е доцнењето на тренинг, бидејќи истото би ве чинело 20.000 фунти. Дури и ако стигнете на почетокот од тренингот, ќе мора да платите 2.500 фунти, бидејќи не сте ги добиле потребните инструкции што ќе се работи на тренингот.

За доцнење на состанок на тимот се казнува со 500 фунти од минута, а сериозен „удар“ по џебот ќе почувствува оној кој не пријавил настинка или повреда во пресрет на денот, или најдоцна еден час пред слободниот ден до почетокот на наредниот тренинг. Тој превид би можел да ве чини 10.000 фунти.

Исто така во „менито“ на Лампард е и доцнењето при поаѓање со автобус на гостувањата, доцнење на подготовки за тренинг во теретана, доцнење на масажа, физиотерапија или закрепнување од повреда, а ако планирате да се вратите одделно од тимот по гостувањето - мора да го известите менаџерот најмалку 48 часа пред да тргнете на гостувањето. Во спротивно, ќе ве чини 5.000 фунти, како и  тоа доколку не се појавите на разни клупски активности.

Доколку ви заѕвони мобилниот за време на состанок или ручек, тогаш вашиот џеб ќе биде полесен за 1.000 фунти.

Сите казни ќе мора да бидат платени во рок од 14 дена, во спротивно тие ќе бидат дуплирани.