Лампард се огласи по отказот: Разочаран сум што немав доволно време

Френк Лампард вечерва ја имаше првата реакција откако утринава доби отказ од менаџерската позиција во Челси. 

Легендата на клубот беше 18 месеци на клупата на „Стемфорд Бриџ“. Лани имаше солидни резултати со многу млади играчи промовирани во првиот тим, откако клубот имаше забрана за трансфери. Изминатото лето Лампард се изнатроши на пазарот и купи фудбалери за вкупни 225 милиони фунти. Тимот моментално е на 9.место на табелата во Премиерлигата, па Абрамович се реши за промена на клупата. 

„Беше голема привилегија и чест да го водам Челси, клуб што голем дел од мојот живот толку многу време. Најпрво, сакам да им се заблагодарам на навивачите за подршката изминатите 18 месеци. Се надевам дека знаат колку ми значи тоа. 
Кога ја прифатив оваа работа ги знаев предизвиците кои се пред мене во едни тешки моменти за клубот. Горд сум на постигнувањата кои ги остваривме заедно и горд сум што голем број од играчите од Академијата заиграа за првиот тим и играа одлично. Тие се иднината на клубот. Разочаран сум што оваа сезона немав многу време да го однесам клубот напред и да го кренам на едно друго ниво.
Сакам да му се заблагодарам на господинот Абрамович, Управниот одбор, играчите, мојот стручен штаб и на сите во клубот за напорната работа, особено во овие тешки времиња. 
На клубот и тимот му посакувам успех во иднина“, напиша Лампард на „Инстаграм“.