Лампард се сели во Шкотска и ќе му биде ривал на Џерард!?

Франк Лампард денеска заработи отказ од Челси, откако не ги исполни очекувањата на раководството на тимот и разочара со настапите на неговиот тим.

Лампард потроши премногу пари во летниот преоден рок, но едноставно тоа не донесе позитивни резултати, па сега ќе мора среќата да си ја побара на друго место, а се споменува како сериозен кандидат за кормилото на Селтик.

Доколку Лампард го преземе Селтик, тоа ќе биде навистина интересно затоа што повторно ќе го видиме во акција против неговиот ривал Стивен Џерард, но овој пат во тренерски улоги.

Џерард одлично го предводи Глазгов Ренџерс и во моментов е на добар пат да ја освои титулата во Шкотска.