Лампард никако да ја запише првата победа како менаџер на Челси (ВИДЕО)

По три одиграни натпревари, два во Премиер лигата и еден во Суперкупот на УЕФА, менаџерот на Челси, Френк Лампард, се уште ја чека првата победа како менаџер на „сините“. Овој пат легендата на тимот од „Стемфорд Бриџ“, одигра само нерешено (1-1) на домашен терен против тимот на Лестер, во рамки на второто коло од најквалитетното натпреварување во Англија.

Челси дојде во водство во раната фаза од натпреварот, со погодокот на Мејсон Маунт во 7. минута, додека во второто полувреме Вилфред Н‘Диди израмни и ги постави конечните 1-1.

Инаку, претходно, лондонскиот тим загуби на отварањето на сезоната во Премиер лига на гостински терен од Манчестер Јунајтед (4-0), како и во Суперкупот на УЕФА од Ливерпул со 2-3 по пенал рулетот.

Следна можност за прва победа на тимот во кој остави траен белег, Лампард ќе ја има во наредниот викенд на гостувањето во Норич.