Лампард: Не живеам во илузии, мораме да покажеме повеќе на теренот!

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, истакна дека од својот тим очекува повеќе од тоа што го покажа на натпреварот против Лестер.

Фудбалерите на Челси и Лестер ремизираа во натпреварот од второто коло во Премиер лига со резултат 1-1. Домашниот тим беше далеку подобар во првото полувреме и преку Мејсон Маунт дојде во предност, сепак гостите беа подоминантни во продолжението, а за изедначувањето се погрижи Вилфред Н‘Диди.

Добро почнавме, фантастично. Можевме да дадеме два или три гола. Бевме брзи, полни со енергија. Потоа му дозволивме на Лестер да се врети во игра. Не сум задоволен од второто полувреме, им дадовме премногу шанси за погодок. Мораме да покажеме карактер во иднина. Не живеам во илузии, свесен сум дека мораме да покажеме повеќе, изјави Лампард по натпреварот.