Лампард дочека да се сеири со Лидс и тоа го направи – урнебесно (ВИДЕО

Англиската легенда Франк Лампард го однесе Дерби на чекор во пласман во Премиерлигата, откако синоќа успеа да победи со 4-2 на гости кај Лидс и да го елиминира тимот на нашиот Егзијан Алиоски, иако имаа негатива од 0-1 по првиот меч.

Лампард и Дерби со Лидс имаа бурен период сезонава, откако се појави шпионската афера од Марсело Биелса, а навивачите на последниот меч дури и пееа против легендата, порачувајќи му да – престане да плаче.

Ама не залудно рекле, кој последен се смее, најслатко се смее, па Лампард ги дочека своите пет минути за да им врати на „лутите ривали“. Во соблекувалната по големата победа, Лампард гестикулираше триејќи ги очите дека плаче, па уште и ја запеа песната на лидсовите навивачи против него.