Лајпциг загуби во Менхенгладбах и остана зад Дортмунд и Баерн Минхен (ВИДЕО)

Лајпциг го доживеа првиот пораз сезонава во Бундеслигата, откако беше поразен кај Борусија Менхенгладбах со 0-1.

Гостинскиот тим одигра многу добар меч и создаде голем број шанси, но едноставно не можеше да стигне до мрежата на Борусија, која во 60. минута преку Волф стрелаше за 1-0.

Лајпциг по шест одиграни меча имаат освоено 13 бодови, односно два помалку од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.