Лајпциг подобар од Волфсбург за полуфинале во германскиот Куп (ВИДЕО)

Лајпциг славеше со 2-0 против Волфсбург и се пласираше во полуфиналето во Купот на Германија. 

Гостите не реализираа пенал во 26-тата минута преку Вут Вегхорст. Јусуф Поулсен погоди за 1-0 за домашниот тим, а победата ја обезбеди Кореецот Хи-Чан Хванг. 

Лајпциг во полуфиналето им се приклучи на Борусија Дортмунд и Есен, додека последниот тим ќе биде познат по одигрувањето на дуелот помеѓу Регензбург и Вердер Бремен.