Лајпциг го суреди Келн и се врати на третата позиција во Бундеслигата (ВИДЕО)

Лајпциг денеска славеше со 4-2 на гостувањето кај Келн во 29. коло од германската Бундеслига и така се врати на третата позиција на табелата.

Домаќините имаа водство од седмата минута преку Кордоба, но 13 минути подоцна Шик израмни на 1-1, по што Нкунку во 38. минута погоди за целосен пресврт (2-1).

Во второто полувреме Вернер беше прецизен за 3-1, по што Модесте намали на 2-3 и ја врати надежта на Келн за освојување на барем еден бод.

Сепак, неколку минути подоцна Олмо ги урна сите надежи на Келн, откако стрелаше за конечни 4-2.