Лајпциг го декласираше Шалке и сега му „дише во врат“ на Баерн (ВИДЕО)

Лајпциг игра фантастично сезонава, па денеска најнова жртва им беше Шалке, кој во Гелзенкирхен беше „торпедиран“ со дури пет погодоци во нивната мрежа (5-0).

Гостите уште во првата минута постигнаа гол преку Сабицер, по што уште четири проектили следеа во второто полувреме.

Најпрво Вернер зголеми на 2-0, а до крајот на мечот погодија и Халстенберг, Анхелино и Форсберг за конечни 5-0.

Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата со 49 бодови, додека Лајпциг има еден бод помалку од нив, а потоа следи Борусија Дортмунд со 45 бодови и Борусија Менхенгладбах со 43.